За една недела Сеад Кочан мора да оди во затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесуваат од скопскиот Кривичен суд, таму од скопска Апелација пристигнала правосилната пресуда за предметот „Труст“ под ингеренција на СЈО, според која бизнисменот Сеад Кочан е осуден на затворска казна.

Бизнисменот Сеад Кочан, за околу една недела треба да го прими упатниот акт за издржување на затворската казна од четири години и осум месеци, која му беше изречена во предметот „Труст“. Откако упатниот акт ќе му биде доставен, тој самиот ќе треба да замине во затвор, за издржување на казната, пренесува Фокус.

Правосилната пресуда била доставена до Кривилниот сиуд, па преку АКМИС системот ќе биде одреден судија за извршување на санкциите, кој ќе треба да го изготви упатниот акт на Кочан за во затвор.

Додека го чекаше упатниот акт, екс премиерот Никола Груевски, иако беше правосилно осуден, сепак успеа да избега од државата.

Кочан сламката за спас може да ја бара во Врховниот суд, со поднесување на вонреден правен лек, но и да бара одложување на извршувањето  на казната, како што направи Владо Бучковски, кој и покрај правосилната пресуда никогаш не отиде во затвор. Во меѓувреме Врховниот суд ја укина пресудата за Бучковски и процесот почна од почеток.