Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една објавена фотка на Инстаграм славната латино пејачка Џенифер Лопез може да ја чини 150.000 долари, бидејќи тоа го направила без дозвола од авторот на фотографијата.
Објавата на фотографијата на Инстаграм од страна на Џеј Ло на која таа напиша „Денес беше добар ден“ не му се допаднала на авторот на фотографијата Мајкл Стјуарт, кој ја фотографирал ѕвездата во јуни.
Имено, тој се жалел на прекршување на авторските права со тоа што Лопез или некој од нејзиниот тим го направиле ова без негова согласност. Ја тужеше пејачката и бара обештетување од 150.000 долари.