Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првата дама на САД, Меланија Трамп, во отворено и искрено интервју за ABC News, зборуваше за нејзиниот избор на јакна со контоверзен натпис при посетата на центарот за деца на илегални мигранти, за бракот со Доналд Трамп, за неговите вонбрачни љубовни афери и за животот во Белата куќа.
Во јуни оваа година, Меланија Трамп, на состанокот со децата на илегалните имигранти, носеше јакна со напишан натпис: „Дали навистина се грижам за вас, но за вас?”
Фоторепортерите ја фатија со оваа јакна додека таа се качуваше во авионот. Многу американски медиуми, како и јавноста, потоа ја нападнаа првата жена со критики за некоректниот натпис во контекст на нејзината посета – на децата разделени од нивните родители од границата. Сопругата на американскиот лидер, изјави за ABC дека одлуката да носи јакна со таков натпис е нејзиниот свесен избор, а зборовите, поставени врз него, воопшто не се однесуваат на децата, како што многумина си помислиле. Според Меланија, тие се упатени кон „оние луѓе и либерални медиуми кои ја критикуваат”.
„Сакав да им покажам дека не ми е гајле”, вели првата дама. „Можете да критикате што сакате, но јас нема да престанам да го правам она што мислам дека сум во право”. „Да, тоа беше некакво порака”, призна Мелани Трамп, истакнувајќи дека е вознемирена од тоа како јавноста и медиумите го прифатиле тоа. „Би сакала луѓето да се фокусираат на она што го правам и на моите иницијативи, а не на она што го носам”, рече таа.
Додаде дека не се грижи и не се замара со шпекулациите за наводните вонбрачни неверства на Трамп. „Не е пријатно секогаш да се молчи, но знам што е точно, а што не е. Медиумите сакаат да се занимаваат со шпекулации“, вели дискретно Меланија во врска со гласините за секс аферите на Трамп, особено онаа со порно актерката Стефани Клифорд.