Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинителката Вилма Рускоска, за новинарите изјави дека во случајот за бегството на бившиот премиер Никола Груевски биле сослушани само неговите телохранители. Неговите блиски роднини, меѓу кои мајката и сопругата, нема да бидат сослушувани од Обвинителството.
Рускоска најави дека во текот на оваа работна недела дополнително ќе бидат сослушани и други, нови сведоци. Деталите за тоа ќе бидат дополнително соопштени. Надлежните служби во Република Албанија ги прибрале доказите што ги бараше македонското обвинителство.
Извор: Макфакс