Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На славните дами и девојки кои се раслекоа голи за да ја поддржат кампањата против носење крзно им се придружи и 49-годишната Џилиан Андерсон.
Ѕвездата од X-Files позираше целосно гола, носејќи само украс со мачешки уши во косата, а интимните делови од телото вешто ги сокри со рацете.
Џилиан се сликаше за кампањата на PETA организацијата која се бори за заштита на животните, а преку нејзината црно бели фотка на која позира гола, со розови букви го испиша слоганот: „Побрзо ќе бидам гола, отколку да носам крзно“.
Ова искуство таа подоцна го опиша како ослободувачко.
„Беше ослободувачки да се користи своето тело за да пратиш важна порака. Луѓето имаат навика да ги одвраќаат погледите од огласите кои протестираат против носењето крзно бидејќи на нив обично се наоѓаат траорни слики од повредени животни, но ги привлекува голата кампања на РЕТА. Горда сум што сум дел од неа“, изјави таа за Metro.
Дел од оваа кампања се и Пинк, Памела Андерсон и Ева Мендез.