За 71,3 милијарди долари гигантот Disney откупува забавниот дел од Fox


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Акционерите на компанијата „Twenty-First Century Fox“ дадоа зелено светло за продажба на делот за забава на компанијата „Disney“ за сума од 71,3 милијарди долари.

Со тоа во сопственост на „Disney“ ќе припаднaт и блокбастерските франшизи на X-Men и Avengers.

Преговорите почнаа во декември 2017 година, кога „Disney“ ја даде првата понуда за дел од медиумскиот конгломерат на Руперт Мардок и започна лицитациска војна со „Comcast“, кој минатата недела се откажа за да се фокусира на купувањето на европскиот телевизиски оператор Sky.

Купувањето на „Fox“ ќе му помогне на „Disney“ да се натпреварува со компании како што се „Amazon“ и „Netflix“.

Конечниот договор нема да биде склучен уште неколку месеци, бидејќи е потребно одобрение од регулаторните тела.