За 5 евра ќарил 106.875 евра – погледнете што погодил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчерашниот ден на фудбалското мени од Европското првенство ги сервираше двата најлуди, највозбудливи и најатрактивни дуели на досегашниот тек од првенството. А еден к’сметлија во спортското обложување успеа од таа возбуда и навивачки адреналин и одлично да ќари.

Човекот погодил дека по 90 минути фудбал на двата меча од осминафиналето во понеделникот, Шпанија-Хрватска и Франција-Швајцарија, резултатот ќе биде 3:3.

Никој во светот не можел да предвиди дека ќе се случи такво сценарио, освен овој обложувач кој на овој тип вложил 5 евра.

За вложените пет евра добил 106.875 евра. Коефициентот за натпреварите да завршат со тој резултат бил 150.