YouTube ја цензурираше песната која Балашевиќ ја напиша за Вуковар – еве ја причината


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На Ѓорѓе Балашевиќ YouTube му го отстрани аудио записот од песната „Čovek sa mesecom u očima“, ода за убиениот Вуковар, откако YouTube корисникот Емил Скендеровиќ ја пријави за кражба на авторски права.

„Доколку сакате да ја слушнете песната Čovek sa mesecom u očima на YouTube, за жал, нема да можете да го направите тоа. YouTube привремено ја отстрани бидејќи извесен Емил Скендеровиќ смета дека тој полага авторско право на истата“, напиша ќерката од Балашевиќ, Беба, на Facebook.

„Čovek sa mesecom u očima“ беше објавена во 1993 година, како еден од најподатливите прикази за ужасите кои се случија во Вуковар. Балашевиќ подоцна песната ја посвети на сите разрушени градови во светот. Беба потенцираше дека се сеќава и кога нејзиниот татко ја напишал песната.

„Се сеќавам и кога татко ми ја напиша песната. Дури се сеќавам и каде ја напиша. Но, никако не се сеќавам дека имаше било каков Емил Скендеровиќ во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со таа песна…Верувам дека Емил само би сакал оваа да е негова песна која Ѓоле му ја дрпнал, па затоа го направил ова…Бидејќи во спротивно ќе морам да помислам дека станува збор за лош човек кој сака на другите да им оневозможи да ја слушаат музиката која ја сакаат…Емиле, кој и да си…Немој. Грдо е“, додаде Беба.