Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатата недела YouTube го измени своето лого и „интерфејсот“, со што ја направи досега најголемата промена откако постои како сервис во последните 12 години.
Иако промените се минималистички и доста дискретни, YouTube сега изгледа многу ефективно и „посредено“. Зборот Tube веќе не се наоѓа во црвена рамка, туку црвен знак за Play се наоѓа од левата страна пред името од најпопуларниот видео сервис.
Сменета е и бојата на логото. Исто така, почетната страна од платформата изгледа многу поинаку, логото е сосема тргнато во левиот горен агол, за што повеќе простор за заземаат видео материјалите.
Воведена е и опција позадината од YouTube да биде во црна боја.
Дизајнерите овие промени ги нарекоа „прочистување“ на YouTube, а се одлучија на таков чекор за сервисот да биде што попрегледен на сите уреди, вклучително и компјутерите и таблетите, но и мобилните телефони.