YouTube го брише нацизмот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гигантот во светот на видеоплатформите, познатиот YouTube, официјално ја најави својата борба против постоечкиот неонацизам со објавата дека ќе ги избрише сите содржини во кои се негира Холокаустот и другите „документирани насилни настани”.

Ова е голем пресврт во политиката на компанијата , која беше обвинувана дека промовира насилство и омраза.

Мрежната услуга за размена на видеа во сопственост на Google исто така најави дека ќе ги отстрани снимките со кои се слави нацистичката идеологија и промовираат групи кои веруваат во својата надмоќ над другите.

Покрај тоа , ќе бидат отстранети и профилите на авторите на видеа кои повеќе пати ќе се противат на новата политика на YouTube, дури и директно да не ги прекршат правилата.