XL облините од ќерката на Дејвид Хаселхоф на насловна страна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ќерката на славниот Хофа е успешен „плус-сајз“ модел и манекенка, а оваа недела таа се појави и на насловната страна од списанието SLiNK. Нејзина цел е да ги промовира облините и љубовта кон сопственото тело.

A post shared by SLiNKmagazine (@slinkmagazine) on

Хејли Хаселхоф, помладата ќерка на Дејвид Хаселхоф, најпознат по улогата на Мич Бјукенон од Baywatch, е успешна „плус-сајз“ манекенка. 25-годишната Хејли и нејзината две години повозрасна сестра Тејлор-Ен своевремено се појавија заедно со нивниот татко во легендарната серија Baywatch, а Хејли пред седум години глумеше и во серијата Huge.

A post shared by Hayley (@hhasselhoff) on

Сепак, нејзина вистинска прва љубов остана манекенството и ангажманите како модел, со што се бави од својата четиринаесетта година. Последните неколку години редовно е дел од ревиите и се појавува на насловните страни од многу списанија.

A post shared by SLiNKmagazine (@slinkmagazine) on

Оваа недела Хејли осамна на насловната страна од списанието SLiNK. Желбата да ја промовира љубовта кон сопственото тело е нејзин мотив и инспирација за тоа.

A post shared by Hayley (@hhasselhoff) on

„Сите имаме моменти кога се сомневаме во нашето тело, но мораме да се издигнеме над тоа и да си го сакаме такво какво што е. Важно ми е да живеам живот во кој ги ценам и сакам своите облини“, вели Хејли.

A post shared by Hayley (@hhasselhoff) on

A post shared by Hayley (@hhasselhoff) on