Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фотографија на која е фотографиран човек во пламен за време на протестите во Венецуела ја освои престижната награда и признание „World Press Photo“ за 2018 година.
Авторот на фотографијата „Венецуелска криза“, Роналдо Шемит е добитник на парична награда од 10.000 евра. Шемит, кој е роден во Венецуела, работи за Франс прес и живее во Мексико.
На фотографијата на Шимит е прикажан 28-годишниот Хозе Виктор Саласар Балса за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас во мај 2017 година.
Балса, кој на снимката е со гас маска, е фотографиран обвиен во пламен по експлозија на резервоар на мотор. Тој досега се опорави од изгорениците од прв и втор степен.
Фотографијата, која е избрана во конкуренција на пет други дела, фасцинира со „енергијата и динамиката” и е симбол на „запалената Венецуела“, се наведува во образоложението на наградата.
Покрај Шемит, наградени се уште 42 фотографи во осум категории. На конкурсот учествуваа повеќе од 4.500 автори со над 73 000 фотографии.
Најдобрите фотографии ќе бидат прикажани на изложби во 45 држави.