Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За сите што аплициравте за 2 тикета со WizzAir за само $1 и во третата фаза ги оставивте оригиналните податоци од вашата картичка, веднаш да се јавите во банката во која ја имате сметката од податоците кои сте ги оставиле за да ви ги блокираат картичките ако не сакате да се разбудите со 0 денари на вашата сметка.
Штотоку вашите податоци му ги дадавте на располагање на некој хакер, кој ве пренасочил на страна (wizzair.com-fly.net) која што НЕ Е официјалната (WIZZAIR.COM) и низ неколку последователни „убедливи” чекори ве насочи да ги оставите најдоверливите податоци од картичката: Card name holder; Card number; Valid date; CVV.
Некои од деталите на кои не обрнавте внимание при вашата апликација:
1. Страната не е официјална (wizzair.com-fly.net)
2. Роденденот на WizzAir е на 19 Мај
3. WizzAir е формиран 2004, така да не е логично да слави 15 години од постоење
4. Кога ќе ја отворите страната пишува дека прославуваат 34 години од постоење (што не се поклопува со бројките од точка 3.)
5. FAKE Страната е креирана пред месец дена 14.05.2018
6. Отворете ја страна и обрнете внимание на “Tickets left”. Направете Refresh на страната неколку пати и погледнете како варираат тикетите +/-. Не е логично, нели ? 🙂
Споделете со вашите пријатели кои се „потенцијални добитници” на оваа ЛАЖНА наградна игра и добијте пиво за возврат. 😀