Wizz air и ТАВ Македонија најавија три нови авионски линии


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Авиокомпанијата и аеродромскиот оператор ТАВ Македонија денеска прославија три милиони патници на Wizz air во Македонија, најавија три нови авиолинии и базирање на четврт воздухоплов во Скопје.

Wizz air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и ТАВ Македонија, компанијата што управува со двата македонски аеродрома, најавија отворање на три нови авиолинии од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо (Шведска), како и базирање на четвртиот воздухоплов на авиокомпанијата на скопскиот аеродром. Заедно со оваа возбудлива најава, Виз ер и ТАВ денеска прославија и важно достигнување три милиони патници на авиокомпанијата во Македонија, заедно дочекувајќи го 3 милионитиот патник на скопскиот аеродром, Александар Велики.

Ширењето на мрежата на рути на Wizz air ќе почне во јули година, кога во исто време со базирањето на 4-от воздухоплов во нивната база во Скопје, почнувајќи од 14 и 16 јули, авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до 3 нови возбудливи дестинации Малта, Рим (Чампино) и Ваксјо (Шведска).

Продажбата на билетите за овие три нови линии почнува денеска, на wizzair.com со цени кои почнуваат од 1.799 денари, додека сите резервации направени на која било од 27 дестинации достапни од Скопје денеска 28 февруари до полноќ ќе бидат со специјален попуст од 20 проценти.

Денешната најава дополнително ја истакнува нашата заложба кон Македонија и посветеноста на Wizz air за носење можности за патување по најниска цена за нашите клиенти, заедно со одличната услуга на Wizz air за време на летовите каде што ја имаме една од најмладите флоти кои што оперираат во Европа. Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во Wizz air, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија. Како најголемата авиокомпанија што оперира во земјата, Wizz air исто така денес прославува важно достигнување 3 милиони патници превезени на нашите нискотарифни линии до и од Македонија. Ја прославуваме успешната приказна на Виз ер во Македонија со специјална продажба на авионски карти со 20 проценти попуст на цената за сите нови резервации направени денес, 28 февруари, до која било од 27 дестинации достапни од Скопје, изјави Овен Џонс, Главен директор за корпоративни прашања на Виз ер.

Покрај новите воведени линии, летовите од Скопје до Ајндховен, Брисел Шарлероа, Меминген (Минхен Запад) и Копенхаген ќе бидат со зголемени фреквенции до три летови неделно, додека конекциите од Скопје до Гетеборг Ландветер, Братислава и од Охрид до Базел Милхаус Фрајбург ќе бидат со зголемени фреквенции до четири летови неделно.  Во исто време, популарните летови од Скопје до Малме и Милхаус сега ќе сообраќаат  секој ден.