„When Bad Does Good“ – каде што татко му разнесуваше весници со велосипед


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Своевремено, пред да стане мегапопуларен во светот на авангардната музичка сфера и „гранџ“ световите, Крис Корнел со велосипед има разнесувано весници по улиците на Сиетл. Во тој стил, после многу години, во спотот за постхумно објавената песна од Корнел, „When Bad Does Good“, тоа го прави неговиот син.

Песната е насловна и на деновиве објавениот бокс со музика од трагично починатиот Крис Корнел – комплет кој има вкупно 64 песни од целата негова кариера со Soundgarden, Temple Of The Dog и Audioslave како и 11 досега неиздадени нумери.

Кристофер Корнел Јуниот вочи точак и разнесува весници по дождливите улици на Сиетл на кои е распослано наследството на Soundgarden, го посетува Sub Pop Records и други битни места за музиката на неговиот татко.