Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мобилната апликација за допишување WhatsАpp објави дека ја надминале бројката од 2 милијарди корисници во светски рамки, потенцирајќи дека силно ја штитат нивната приватна комуникација.
„Задоволни сме што можеме да кажеме дека WhatsApp има повеќе од две милијарди корисници ширум светот“, велат од групата, истакнувајќи ја важноста на заштитата на комуникациите, фотографиите, видеата и другите лични информации на своите корисници.
„Знаеме дека колку повеќе се поврзуваме, толку повеќе треба да ги заштитиме податоците“, коментираат од WhatsApp. „Бидејќи поминуваме се повеќе и повеќе време на Интернет, заштитата на комуникациите е поважна од кога и да било“.
WhatsApp гарантира дека секоја испратена порака е обезбедена со „моќно криптирање“.