Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И британските медиуми се забавуваат пред полуфиналниот дуел на Англија со Хрватска во рамки на Светското првенство во Русија, кој се игра денес во 20 часот во Москва.
Во нивна анкета, ВВС им поставија задача на Англичаните да ја покажат државата од нивниот вечерашен фудбалски противник на мапа.
Новинарите од Radio 5 од ВВС ги прашаа група Англичани дали знаат да покажат на карта од каде доаѓаат нивните полуфинални противници. Резултатите не беа баш сјајни, бидејќи некои од Англичаните имаа доста проблеми точно да ја покажат Хрватска на мапа.
Првата жена која ја анкетираа одговори точно, а во својот одговор беше прилично сигурна, бидејќи знаеше дека „Хрватска има долг морски брег“. Но, останатите испитаници беа самоуверени во погрешното лоцирање на Хрватска на територијата од Словенија, Албанија и слично.
Just one day to go until England’s #worldcup semi-final!
But can you spot rivals Croatia on a map? ???#5liveBreakfast #bbcworldcup #ENG #CRO pic.twitter.com/Nb7gSu4JJj
— BBC Radio 5 live (@bbc5live) July 10, 2018