Вулверин го викна Ѓоковиќ на ферска, да си ги одмерат силите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудската ѕвезда Хју Џекмен, кој инаку е голем фан на Новак Ѓоковиќ, го предизвика својот идол на „двобој“, објавувајќи негова фотографија на Фејсбук.

„Дали е некој за тенис? А, под „некој“, мислам на Новак Ѓоковиќ“, напиша глумецот во придружниот коментар, додавајќи и „ознака“ со името на српскиот тенисер.

Инаку, тие двајца се и добри пријатели, а актерот неретко може да се види на трибините на тениските игралишта, каде заедно со својот колега Бен Стилер го бодрат својот миленик.