Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Политички искри и остри зборови со критики доаѓаат од српскиот политички врв на сметка на македонскиот претседател Стево Пендаровски откако неговиот Кабинет за косовски Газета Експрес изјави „дека се противи на корекција на границите меѓу Белград и Приштина“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, српскиот претседател искоментира дека „Пендаровски со изјавата им се додворува на Германците“, додека Вулин наведе „Пендаровски никој не го прашува и може да молчи на јазикот кој само Србија го признава“.
Вучиќ за ТВ Прва оцени дека претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, со својата изјава сака да се додвори на Германија, и покрај тоа што на инаугурацијата во Македонија побарал од него да не зборува на овие теми заради добрите односи меѓу двете држави.
На прашањето како ја коментира таа изјава со оглед на тоа што веќе година и половина нема дијалог за Косово и прашањето кога со некого разговарал од Приштина, Вучиќ кажа дека не се сеќава кога последен пат го има видено или има разговарано за тоа со Хашим Тачи или со кој било претставник на Приштина.
-Оваа реченица (изречена од Пендаровски) беше изречена претходниот ден од Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, кажа Вучиќ за ТВ Прва, додавајќи дека Србија се наоѓа во не така лесно опкружување и оти се обидува да разговара со сите, дури и со оние кои ја признале независноста на Косово.
-Не се грижеа во 2008 година за зачувување на меѓународното јавно право и територијалниот интегритет, а денес говорат дека многу се грижат за тоа, кажа српскиот претседател.
Вучиќ додаде дека од Пендаровски, кога бил на неговата инаугурација, побарал само една работа, бидејќи сè ни оди добро и економската соработка и двата народа се сакаат едни со други, а тоа е да се обрне внимание затоа што тие веќе направиле нешто што другите земји би го гледале поинаку од ние, да за тие теми не говорат.
– Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате – рекол Вучиќ.
-Тоа не е ваша работа и кога зборувате, помислете дека има такви што мислат поинаку од вас. Тие направи се спротивното од моето барање и, спротивно на, како што мислев, на постигнатиот договор, за да уште еднаш се истакнат во нивното улижување на Германците, додаде Вучиќ.
-Го разбирам изборот на многумина од регионот да им ласкаат на најмоќните, понекогаш на неодмерен начин….Кога зборуваат за тоа дека нема територијални промени тие во превод ви кажуваат, и Миро Лајчак и Хајко Мас и Пендароски – целта е Србија да ја признае во целина територијата на Косово како независна држава, оцени Вучиќ.
Претседателот на Србија порача дека Србија никогаш нема да се согласи со тоа и оти територијата е дефинирана со Резолуцијата 1244 на ООН, додавајќи дека „ако имаат решение, нека доведат некој друг на власт во Србија и нека го решат тоа за еден ден… Чекам да видам што ќе кажат овие генијалци што знаат да ни солат памет што не сакаат и како нешто не би можело, да кажат какво би било компромисното решение, кажа Вучиќ.
Министерот за одбрана, Александар Вулин, претходно преку соопштение од Министерството за одбрана реагираше на ставот на Пендаровски.
-Малкумина во Македонија го прашуваат Пендаровски за било што, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните земји. Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не го признава, а на други јазици може уште погласно да молчи, затоа што никој не го прашува ниту го прифаќа неговото мислење, кажа Вулин.