Вукиќевиќ е нов генерален директор на винарска визба Тиквеш


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Радош Вукиќевиќ е избран за нов генерален директор на ВВ Тиквеш. Тој оваа позиција ја пополнува откако во мај оставка си поднесе Игор Илиевски.

На седници на Надзорниот и Управниот одбор, винарската визба Тиквеш донесе одлуки за назначување на Радош Вукиќевиќ за член на Управниот одбор и Генерален Директор на Друштвото. Господинот Вукиќевиќ се приклучува на тимот на Тиквеш со богато професионално искуство и докажани кариерни успеси, со што значително ќе допринесе кон остварување на зацртаната стратегија на компанијата и нејзиниот понатамошен развој, велат од компанијата.

Вукиќевиќ е познат на јавноста како економски промотор на земјава во Софија и Белград. Претходно Вукиќевиќ ја вршеше должноста маркетинг менаџер на ВВ Тиквеш.