Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кинескиот милионски град Вухан, од каде што почна да се шири епидемијата на коронавирусот, од вчера офицјално веќе не е под карантин.
Вухан беше епицентар на коронавирусот кој потоа се прошири низ целиот свет. Досега се заразени скоро 1,5 милиони луѓе, а починаа повеќе од 82.000.
Seven hours ago, Wuhan was completely unsealed pic.twitter.com/ujrPQc0muz
— Dandan (@Dandan73167901) April 7, 2020
Во Вухан од вчера е укинат задолжителниот карантин и сите останати забрани, па животот се враќа во нормала. Укината е и забраната за излегување од градот.
По повод укинување на карантинот, градот огранизираше импресивен лајт-шоу во различни бои, а облакодерите во центарот на градот беа осветлени со пораката „Здраво, Вухан“.
Голем број луѓе со своите автомобили и со возови отпатуваа надвор од градот.
Вухан е главниот град во провинцијата Хубеи во Кина.