Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека пораз на кандидатот од неговата Српска напредна партија (СНС) на претседателските избори, би значело и негово заминување од премиерската функција, пренесуваат српските медиуми.
Нема никакви сомнежи дека пораз на претседателските избори не мора да значи заминување на сите министри или промена на структурата на политичките партии во владата, но секако дека ќе значи мое заминување, заклучил српскиот премиер. Тој претходно изјави дека претстојните претседателски избори се прашање за определувањето на иднината на земјата.
Според Вучиќ, доколку победат оние кои веќе победиле, Јанковиќ, Јеремиќ, Шешељ, тоа ќе има значително последици за иднината.
Тоа значи дека луѓето сакаат да ја променат политиката и сметаат дека ова што ние го правиме не е добро. Не мислам дека е така, мислам дека такво нешто би било погубно, но никогаш не би навлегол во волјата на народот, рекол тој.
Вучиќ додал дека состојбата на кохабитација би значела дека претседателот секој ден нешто би попречувал, би ги имал сите права и никакви обврски.
Додека владата би работела, тој некој би седел, а Николиќ тоа никогаш не го правеше. Тој би ги имал сите права а никакви обврски. Нас ни треба некој кој ќе работи со владата, и не сакам да учествувам во мрцварењето на земјата, навел Вучиќ.