Вучиќ се вети: Ако ја добиеме „таа“ инвестиција во јуни – ќе скокнам сосе костум во базен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ќе скокнам во базен во костум ако ја добиеме таа инвестиција“ – ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, посочувајќи дека се работи за „голема работа и голема инвестиција“.

-Вестите пристигнуваат во јуни! Има уште две земји во игра, и ако тоа се случи, јас сум готов! – рече Вучиќ.

Тој објасни дека во втората половина на јуни ќе се знае одлуката на еден голем светски производител на автомобили дали ќе инвестира во Србија.

-Ветувам дека во костум ќе скокнам во базенот Ташмајдан доколку таа вест ја добиеме во јуни. Таа вест е толку важна и после тоа, ја завршив работата за Србија – рече тој.