Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актуелниот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција прогласи победа на претседателските избори во Србија со што ќе го продолжи своето претседателско владеење со нов мандат.
Според првичните процени на Центарот за слободни избори и демократија, Вучиќ освоил 59,9 отсто од гласовите што е повеќе од неопходните 50 отсто за победа во првиот круг, додека второпласираниот Здравко Понош освоил 17,3 отсто.
За резултатите од парламентарните избори во земјата, Вучиќ рече дека неговата партија Српска напредна Странка добила околу 44 проценти од гласовите на паралментарните избори што според него ќе значи 124 или 125 пратенички места.
Излезноста на изборите во Србија изнесува 58,79 отсто што е најмногу во последните 10 години.
На гласање излегле 59 отсто од гласачите, објави ЦЕСИД. На претходните избори во 2022 година излезноста беше 48,88 отсто.
На парламентарните избори, на изброени 62,5 отсто од примерокот, листата на СНС Александар Вучиќ – Заедно можеме освои 43,6 отсто од гласовите.
Листата на Мариника Тепиќ – Обединети за победа на Србија има 12,9 отсто, а на СПС Ивица Дачиќ – премиер на Србија – 11,6 отсто.
Цензусот од три проценти го поминаа уште четири листи и претставници на малцинските партии, објави ЦЕСИД.
Изборите ги обележаа гужви на избирачките места и инциденти, а беа нападнати и двајца политичари – Павле Грбовиќ од Движењето на слободните граѓани (ПСГ) и Братислав Југовиќ од Српската напредна партија (СНС).
Во Србија има 6.502.307 гласачи, покажуваат податоците што ги објави Републичката изборна комисија два дена пред изборите.
На изборите имаше рекорден број набљудувачи – повеќе од 5.200 од девет домашни организации и 23 странски држави, соопштија претставници на Републичката изборна комисија.