Вучиќ: Ние не сме диво племе, македонската влада да каже како го пушти Груевски! (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ конечно реагираше по повод бегството на македонскиот екс премиер, објаснувајќи дека Србија немала можност да го апси Груевски, истовремено велејќи дека прашањето како избега Груевски треба да се упати кон македонската влада.

Александар Вучиќ синоќа потврди дека поранешниот македонски премиер и осуденик Никола Груевски влегол во Унгарија од Србија, на граничниот премин Хоргош.

Српскиот претседател во емисијата Кирилица на ТВ Хепи изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

„Груевски побегна преку Албанија. Денот на 11 ноември, во текот на ноќта, меѓу еден и два после полноќ, немаме официјални податоци, лицето Никола Груевски влегува на територијата на Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со нормални документи и со познатиот пасаван дополнително, кој го добил во унгарската амбасада во Тирана. На 12 ноември, некаде околу 22.27 часот, Никола Груевски влегува на преминот Гостун во Србија со регуларна лична карта издадена во Скопје, во придружба од лицата Јожеф Золтан и Феле Ѓихази, не е ни важно. На 12 ноември, во 05.11 часот, без одмор вози веројатно, именуваното лице ја напушта Србија на преминот Хоргош и притоа сe легитимира со травел документ или пасаван со сериски број 100.501 издадена во Тирана на име Никола Груевски, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило. Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е доставена меѓународна потерница за именуваното лице. Значи, да го застанавме Никола Груевски, тоа би било киднапирање од наша страна“, рече Вучиќ.

Тој остро ги осуди обвинувањата зошто српската Влада не го уапсила екс премиерот Груевски велејќи дека во тој момент немало никаква потерница за Груевски.

-Барате од Србија да апсиме лице по кое нема потерница. Тоа барате од Србија. Што сме ние, диво племе? Дива земја, да апсиме лица по кои нема ни потрага, дури ни меѓународна потерница. Наместо да се запрашате зошто е пуштен да замине од државата и зошто толку долго се чекало да се распише потерница, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизија „Хепи“.

Изјавата за Груевски е околу 58 минута од видеото: