Вучиќ не ја исклучува можноста за предвремени избори – спомна и „македонско сценарио“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори во Србија.

„Редовните избори се во март идната година, но не исклучувам да бидат и порано. Народот секако наскоро ќе каже“, рече тој за ТВ Пинк, додавајќи дека очекува на тие избори да победи неговата Српска напредна партија.

Тој потсети дека оваа партија во текот на оваа година треба да одржи конгрес. Вучиќ се соочува со протести на опозицијата која бара негова оставка.

Одговарајќи на новинарски прашања, Вучиќ ги спомена предводниците на протестите како големи пријатели на македонскиот премиер Зоран Заев. Во многубројните паралели ја спомена и затворската казна на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.

„Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние што не го слушнаа, прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудат упадот во РТС, а во иста секунда ги осудија оние што упаднаа во македонскиот парламент? Големите пријатели на Зоран Заев, тајкуните Ѓилас и Јеремиќ, се пофалија како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во парламентот. По тој принцип, ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, затоа што ги пушти фашистот (Бошко) Обрадовиќ и тајкунот (Драган) Ѓилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ. Западните амбасади нека си ја работат својата работа, тоа не ме интересира“, рече Вучиќ, пренесува Независен.