Вучиќ најави укинување на границите меѓу Србија, Македонија и Албанија за жителите на овие земји


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На Економскиот форум за регионална соработка кој се одржа во Скопје, српскиот претседател Александар Вучиќ апелираше дека мораме да го оставиме минатото зад нас и да гледаме иднината, напредокот на животниот стандард на обичните граѓани.

„Во минатите две години развиваме една искрена доверба помеѓу нас во смисла на развивање на односите кон регионот, кон ЕУ и кон светот. Ние сите сме на европскиот пат, меѓутоа не сме ниту глупави ниту наивни да веруваме дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку ние тоа самите не го правиме. Затоа е особено важно за луѓето во нашите земји да им покажеме како во Албанија, така и во С Македонија и во Србија дека сме во можност и способни сме самите да одлучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, да одиме на нашиот европски пат, да работиме со сите, но да не чекаме дека некој ќе не води и насочува. Спремни сме да ја земеме судбината во свои раце и да работиме во интерес на нашите граѓани“, посочи Вучиќ.

Нагласи дека е многу важна полната доверба која веќе постои меѓу тројцата лидери кои стојат зад иницијативата, затоа што таа е за добробит на сите и нема скриена агенда. Укажа на предностите кои ќе ги донесе олеснето движење на луѓето, капиталот, добра и услуги, како и во однос на привлекувањето на странски инвестиции.

„Ова не е насочено кон никого, а тоа е единствената цел нашите граѓаните да живеат подобри, нешто што е свето. Секогаш ќе имаме противници на оваа идеја, кои не размислуваат на економијата на нешто долгорочно, кои размислуваат на следните избори и кои во се бараат некој недостаток…Ние ќе се обидеме и ќе дадеме се од себе. Едниот услов е довербата што ја имаме, а другиот е трите земји или влади да можат брзо да постигнат резултати, дали ќе можеме да ги надминеме сите слабости на нашата администрација или нема да можеме. Ако можеме да го сториме тоа на 1 јануари 2023 година – веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји. Има граници, но нема граници за нашите граѓани. Одите од Белград до Тирана и никој нема да ве запре никаде, рече Вучиќ во своето обраќање на Форумот во Скопје.