Вучиќ најави претставување на ново вооружување на Србија, меѓу најмоќните во светот и порача: „Не сакаме во НАТО“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, на денешниот, прв, предизборниот митинг во Мерошина, каде владејачката коалиција ги започнува предизборните активности, изјави дека народот на Србија „не дава и не сака да влезе во НАТО“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ оцени дека народот ја сака воената неутралност, ја сака својата војска и сака сам да го „чува сопственото небо“ и да има силна армија, за никој да не го загрозува суверенитетот на државата.

Тој најави дека „народот ќе биде израдуван со системите кои се меѓу најмоќните оружја во светот“ и дека Србија повеќе нема да биде лесен плен за никого.

Вучиќ оцени дека Србија се соочува со „многу искушенија“ поради, како што рече, состојбите во Европа и светот и повтори дека Србија е на европскиот пат, но и дека нема да ги „расипува“ односите со Русија и Кина „бидејќи некој тоа го бара“.-

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛМАТА
Mgid
Mgid
-Ако дојде до конфликт, а се надевам дека нема – нема да има пченица, гас, нафта или деривати, а прашање е колку сол и нафта ќе имаме. Но обезбедивме доволно резерви. Кога Кина почна да купува сè, реков дека и ние мора да купиме сè. Кога ќе дојде до конфликт, нема да има енергенти или храна, како и да свртите – безброј проблеми. Затоа да знаете, државата се однесуваше одговорно, имаме се, дури и за сол се снајдовме, имаме се освен гас и нафта, а и тие резерви ќе ги зголемиме, кажа тој.