Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ во српското собрание изјави дека ќе им испрати писма на претседателите на Русија и Кина Владимир Путин и Си Џинпинг да стават вето на приемот на Косово во Обединетите нации, на барање на српската Народна партија.
Вучиќ за време на собраниската расправа кажа дека до сега „испратил 1.000 писма“ и дека ќе испрати уште едно.
Кажа и дека ќе испрати писмо и до лидерите на западните држави и наведе дека тоа ќе го направи од почит кон граѓаните кои гласале за Народната партија, а не кон нивните функционери.
„Добро е што ќе го испратите тоа писмо и тоа кажува дека тука можело и поинаку да се зборува, доколку вие тоа го сакате“, кажа пратеникот на Народна партија Мирослав Алексиќ.
Резолуција на Народната партија за Косово и Метохија не беше ставена на дневниот ред на специјалната седница на српската Скупштина за Косово.