Вучиќ ќе го одликува Џони Деп со орден за заслуги


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холивудската актерска легенда Џони Деп денес пристигна во Белград и од аеродромот директно се упати на прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Деп му донесе и подарок на Вучиќ, статуетка во форма на птица облечена во одело на пират што асоцира на неговата улога од филмот „Пиратите од Карибите“.

Доаѓањето на холивудскиот актер е по повод промоцијата на неговата анимирана серија „Пафини“, произведена во Србија во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“ (ИЕС).

Вучиќ оцени дека овој проект е важен за целокупната креативна индустрија на Србија, како и за промоција на државата во светот, а од неговиот кабинет објавија и дека ќе му доделат на Деп орден за заслуги поради почитта што ја покажува кон Србија и бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе.

„Почестен сум со одлуката да ми биде доделен Орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија. Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја, посочи Џони Деп“, заблагодарувајќи му се на претседателот Вучиќ за укажаната чест.

Одликувањето ќе биде на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.