Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британската агенција Ројтерс како итна вест, повикувајќи се на агенцијата Ипсос, објави дека Александар Вучиќ убиедливо победи на претседателските избори во Србија со 58 отсто од гласовите.
Оваа вест ја објавија и американската Асошиејтед прес и француската Франс прес, како и руските новински агенции.
Ројтерс оценува дека овој резултат ја потврдува неспорната доминација на Вучиќ во, како што вели агенцијата, балканската земја која тој сака да ја внесе во Европската Унија, истовремено задржувајќи ги силните врски со Русија.
Веднаш по Ројтерс, веста за победата на Вучиќ ја објави и италијанската агенција Анса, која исто така се повикува на прелиминарните податоци на Ипсос.
Анса пренесува дека третопласиран е младиот и ексцентричен претставник на антиполитиката Лука Максимовиќ, односно Љубиша Прелетачевиќ Бели, со нешто повеќе од 9 отсто, а дека четврт е поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ со 5,5 отсто.
Веста за победата на Вучиќ ја пренесуваат и Раша тудеј, Тасс и РИА Новости.
АП јавува дека првите проекции укажуваат дека премиерот Александар Вучиќ победи на претседателските избори во Србија, а Дојче веле пишува дека изгледа дека Вучиќ излезе како победник на претседателските избори.