Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека различните интереси на глобалните сили и го стеснуваат маневарскиот простор на земјата.
Тој истакна дека нерешените проблеми во регионот претставуваат причина за загриженост.
Вучиќ во интервју за РТС изјави дека „не се решени многу проблеми на овој простор и секогаш се наоѓаме на крстосницата на големите сили“.
Во тој контекст српскиот претседател ги наведе косовскиот, босанскиот и хрватскиот проблем.
– Постојат многу работи кои треба да се решат и променат, со цел во иднина да ги дигнеме на повисоко ниво, изјави Вучиќ.
Според него, „не е лесно да се одржи стабилноста, но тоа е приоритет и основа за економски развој“.