Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот со премиерката Ана Брнабиќ и најтесниот круг соработници изјави дека е „спремен да умре, но дека никогаш нема да ја предаде власта без избори“, пренесуваат српските медиуми.
„Никогаш и под никакви услови нема да се согласам на уцени, никогаш нема без избори да им ја препуштам власта на најлошите. Никогаш нема да потпишан никаква техничка или преодна влада! Ако ме убијат, ќе остане мојот брат Андреј. Ако ми го убијат братот, ќе ми остане синот Данило. Ако ми го убијат синот. Ќе ми остане ќерката Милица. Ако ја убијат и неа, останува мојот син Вукан“, наводно кажал Вучиќ.
На овие изјави на Вучиќ остро реагираше опозициската пратеничка Маринка Тепиќ, потпретседателка на Партијата на слободата и правдата. Побара од советниците и соработниците на Вучиќ да го „вразумат бидејќи повеќе не е способен да носи одлуки“.
„Тој (Александар Вучиќ) зборува за крвопролевање на своите деца. Јас не верувам во тоа што го читам, тој човек повеќе не е способен да носи одлуки. Јас вистински апелирам до неговите пријатели, соработници и медиумски советници да го вразумат. Човекот кој зборува за крвопролевање на своите деца, во деновите кога Белград и Србија и понатаму плачат по децата кои настрадаа, и да шири таа хистерија целосно ги загубил разумот и конците“, кажа Тепиќ.
Вучиќ пред неколку дена гостувајќи на телевизијата Пинк порача дека нема шанси да се согласи на преодна влада и дека „можат само да го убијат“.