Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека додека е тој претседател нема да потпише закон за истополови бракови, како ни закон со кој ќе постои „некој трет род каде не сте маж или жена“.
Тој на телевизијата Пинк укажа дека тој премиерката Ана Брнабиќ ја замолил додека е претседател да не потпишува истополови бракови, како и дека „тој е виновникот“.
Додаде дека критиките на Европската Унија за тоа би требало да се однесуваат на него, а не на Брнабиќ, бидејќи, како што кажа, таа „се залага за тоа“ и тој е тој „кој не дозволува“.
Вучиќ оцени дека Србија е земја со традиционално општество, како и дека не му пречи ЛГБТ популацијата.