Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа истакна дека заради продолжување на дијалогот со Приштина нема да ја прифати платформата на косовските власти со која од Белград се бара признавање на независност на Косово и исплата на воена отштета. Нагласил и оти српската страна секогаш ќе биде за мир, но и дека никогаш повеќе нема да има „Блесок“ или „Бура“.
– А сега сиктер, марш со таа хартија, бандо од Приштина. Одете каде што сакате и видете дали некој тоа ќе ви го исполни – Србија нема. Да не’ газите никогаш нема да можете. Го зборувам тоа свесен дека ќе бидам на удар на светските моќници и на домашниот олош. Но, јас резервна татковина немам – рече Вучиќ, пренесуваат медиумите.
Платформата на косовската делегација за дијалог со Србија што завчера ја усвои Собранието на Косово предвидува реципрочно признавање меѓу Косово и Србија и укинување на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со која на Србија и’ се гарантира територијалниот интегритет.