Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот денеска, со почеток во 20:00 часот, одржа седница со која раководеше новиот премиер Димитар Ковачевски.
На истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.
Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 1. февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.
Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.
Заклучокот е предложен до Владата и за него Владата ќе дискутира веќе на следната седница која се одржува вечерва во 21:30 часот.