Второстепената комисија ја одби жалбата на Еуромакс Рисорсис за рудникот Иловица


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Жалбата на концесионерот за рудникот Иловица, фирмата Еуромакс Рисорсис, беше одбиена од страна на државната второстепена комисија за одлучување во управни постапки.

Според објавите на граѓанските активисти на социјалните мрежи, со тоа се потврдува одлуката на Владата да се раскине договорот со Еуромакс, што беше донесена на почетокот од јули.

Граѓанските активисти уште тогаш изјавија дека не постои друго прифатливо решение за нив, после повеќенеделните протести над браната Иловица, кај пристапниот пат до рудникот.

Од компанијата Еуромакс засега не прецизираат дали ќе поднесат тужба против државата. Доколку се одлучат да тужат, ова ќе биде втора тужба по онаа на Сардич МЦ, за рудникот Казандол во Валандово.