Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со услови за појава на краткотраен дожд – таа е временската прогноза која не очекува за денешниот вторник.
Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој перио од годината. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.