Home Актуелно Вторник со променливо време

Вторник со променливо време

Денес, вторник, 20 април, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови. На места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде околу пет, а максималната ќе достигне до 15 степени. Маврово 5, Охрид 10, Битола 16, Крива Паланка 12, Берово 10, Кавадарци 16, Дојран 18.

Во среда и четврток ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…