Вторник носи сончево и потопло време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со умерен југоисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 7, додека дневните ќе бидат во интервал од 14 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 21 степен.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно струење до четврток времето ќе биде претежно сончево со умерен јужен ветер и пораст на температурата, како на дневната, така и на утринската.

Од петок до недела ќе има зголемување на облачноста со повремени локални врнежи од дожд. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а од сабота ветерот ќе се промени во северен и ќе има позначително опаѓање на дневната температура.