Advertisements
Актуелно

Вторник носи променливо и топло време

Денес времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, зачинети со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 18 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи. Дневната температура ќе достигне до 27 степени. Во Маврово 17, Охрид 22, Битола 24, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 22, Дојран 29.

Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

Advertisements

Најпопуларно

To Top