Вторник носи нова тура снег


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што и претходно беше најавено, вторник, 24 јануари е ден кој треба да донесе нова тура снежни врнежи, но далеку послаби во однос на она што го имавме пред неколку дена.

Утрото насекаде ќе биде облачно и релатвно студено. Повторно, минималната температура воглавно ќе има вредности помеѓу минус 5 и минус 10 степени, а нешто постудено, до околу минус 13 се очекува да биде во малешевијата.

Уште претпладне врнежите ќе започнат во западните, пред се југозападните делови од земјата, додека попладне и приквечер истите ќе се рашират и низ останатите краишта.

Максималната температура ќе има вредности од околу 0 до 2 Целзиусови во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 степени.

Во текот на целиот ден. Попладне и приквечер ќе има слаби снежни врнежи.  Наутро ќе биде студено, а минималната температура ќе се спушти до околу минус 8 степени. Максималната температура нема да надмине 1 степен.