Вторнички дождови за вистинско есенско време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Циклонското влијание ќе биде поизразено претпладне, кога низ поголем дел од земјава ќе биде врнежливо, а во западната половина овие врнежи ќе имаат локален пороен карактер.

Попладнето во вторник ќе биде поврнежливо во источниот регион. Повторно ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Токму затоа се очекува релативно високе температура која ќе има вредности во границите помеѓу 16°С и 20°С низ котлините, односно до 22°С на југоисток.

Нова, поинтензивна серија на врнежи  нè очекува во среда, и тоа во поголем дел од денот. Локално и повремено врнежите ќе имааа пороен карактер. Во првата половина од денот ќе дува јужен ветер, за попладне да потпаднеме под северно струење кое ќе услови и значителен пад на температурата во ноќта кон четврток. Температурниот максимум во среда ќе биде понизок во однос на вторник за околу 3-4°С.

Ноќта среда кон четврток ќе донесе врнежи од снег на планините во северната половина од земјата. Има мала веројатност овие снежни врнежи да зафатат и некои од повисоките неселени места во северниот регион.

Локално, врнежите во вторник и среда севкупно ќе донесат воден талог од преку 50 литри на метар квадратен.

Во четврток очекуваме намалување на облачноста во однос на претходните денови, но таа состојба нема да опстои долго во овој ден. Попладне ќе има краткотраен бран на врнежи во северната половина од земјата, кој на планините ќе биде од снег. Станува збор за релативно слаби врнежи.

Температурата низ поголемите населени места ќе има вредност помеѓу 9°С и 12°, односно околу 13°С на југоисток.

Петок очекуваме да ни донесе помала облачност наутро и нешто пониски минимални вредности на температурата кои ќе „завлезат“ 2 до 3°С во негатива. Дневниот максимум во однос на четврток ќе биде понизок за околу 3 до 4°С. Очекуваме ново наоблачување, односно ново циклонско влијание во ноќта петок кон сабота. Врнежте би биле поочекувани во првиот ден од викендот.