Home Актуелно Вторничка временска прогноза – умерено облачно и посвежо

Вторничка временска прогноза – умерено облачно и посвежо

Времето во Македонија, денеска, вторник, 8. август, ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…