Вторничка временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, вторник, 18 јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места се очекува појава на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневна температура до 31 степен.

До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.