Вторничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, во Крива Паланка, Струмица и Прилеп 15, Кичево 11, Охрид 14, Кавадарци 18 и Гевгелија 21.

Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 22 степени.

Четврток и петок ќе биде сончево со мала локална облачност.