Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Под влијание на атмосферски фронт денеска, вторник, 29. август, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално во попладневните часови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 , а максималната од 22 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 20, а максималната ќе достигне до 31 степен Целзиусов.

Од утре ќе преовладува умерено облачно време со пониска температура, а само на места ќе има услови за краткотраен слаб дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…