Вторничка временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој вторник, 3 јули, носи утрински температури помеѓу 11 и 19 степени, а дневната температура ќе се движи од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне сончево со слаб ветер од променлив правец. Попладне со локален пороен дожд и грмежи и дневан температура до 33 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.