Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот вторник во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени. Маврово 5, Охрид и Битола 9, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 10, Дојран 12.

И утре времето ќе биде сончево, а долж Повардарието со умерена облачност. Ќе дува со слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…