Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Во Македонија утрово имаме студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

И во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет. Во среда ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…